MAKITA НУДИ ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА НА АКУМУЛАТОРСКИОТ АЛАТ СО СВОЈОТ ПРОШИРЕН СИСТЕМ LXT И СО НОВИОТ СИСТЕМ XGT
Новиот систем 40V Max XGT ќе му се придружи на системот LXT, водечки во индустријата
Makita го проширува пазарот со акумулаторски алати најавувајќи го 40V Max XGT, новиот акумулаторски систем за клиенти што имаат потреба од опрема за поголеми оптоварувања. XGT ќе му се придружи на 18V LXT (водечкиот систем во индустријата), нудејќи им на индустриските клиенти поголем избор од акумулаторски алати и опрема за поголеми оптоварувања, за да им овозможи работен простор без кабли.
Иновацијата во акумулаторскиот алат не значи само поголеми акумулатори. Станува збор за создавање технологија за акумулатори и моторно инженерство, коишто заедно нудат оптимални перформанси. Makita ја создава иднината на акумулаторскиот алат, а придобивката за клиентите е што може да работат ефикасно на повеќе начини, без да користат традиционални извори на напојување.
Системот XGT е конструиран за индустриски примени со поголеми оптоварувања, додека сите индустриски гранки ја вршат транзицијата кон акумулаторско напојување. Иако акумулаторите XGT изгледаат слични по големина со акумулаторите 18V LXT, 40V Max XGT е всушност нов систем што нуди алати и опрема за поголеми оптоварувања, на пр. за гранките како што се градежништвото, индустриските гранки, градинарството и комерцијалното чистење.
XGT ќе му се придружи на LXT, водечкиот акумулаторски систем за професионални корисници. Во Европа, LXT моментално има 320 производи што ги задоволуваат барањата на клиентите за најразновидни примени, а се подготвуваат уште повеќе производи.
Makita ќе продолжи значително да инвестира во системот 18V LXT, бидејќи има голем план со нови производи LXT што се подготвуваат за професионалните корисници од сите индустриски гранки. LXT Advantage беспрекорно користи само еден акумулатор кај 320 производи, со можност за додадена моќност ако се користат два 18-волтни акумулатори во одредени производи. Овој едноставен концепт драстично го менува начинот на работа на професионалните корисници.
Makita се фокусира на иновација на глобално ниво; нова технологија и производи што го подобруваат животот на клиентите. За таа цел, Makita обезбедува неспоредливо квалитетна поддршка за своите ценети корисници. Компанијата се шири во сите насоки, а за тоа придонесуваат значајните инвестиции за денес, за утре и за во иднина. Пазарот се менува и ќе се менува, а Makita е во позиција да биде предводник на промените.