Оваа веб страница користи функционални колачиња за да овозможи оптимално искуство со веб страницата. Веб страницата исто така користи аналитички и маркетиншки колачиња за статистички и маркетинг цели. Информациите собрани од избраните колачиња ќе бидат споделени со нашите сервисни партнери. Со прифаќање на сите колачиња, можеме да обезбедиме најдобро можно искуство на веб страницата за вас. Со оневозможување на колачињата, некои од функциите на веб страницата може да не работат правилно.
Како глобален снабдувач со комплетна лепеза на електрични алати, за поддршка на луѓето во создавањето на домови и услови за живеење, од витално значење е што го земаме предвид влијанието врз животната средина на секој поединец, согласно на начинот на живеење и следствено на тоа, таквите еколошки прашања, како што е глобалното затоплување, нас директно нé засега. Целата Групација на Makita работи во создавање на одржливо општество посветено на рециклирањето, што ги комбинира екологијата и економијата, редефинирајќи ги нашите деловни активности и животниот стил, од основата до врвот. Создадовме долго времени цели за заштеда на енергијата, намалувањето на емисијата на CO2, постигнување на нулта емисија од отпад и намалување на користење на специфични хемикалии и ги имплементиравме активностите за заштитата на животната околина со нумеричко евидентирање на поставените цели секоја годаина. Нашите производи, вклучувајќи ги и моќните алати, користат лесни долговечни литиум - јонски батерии и ние продолжуваме со развојот на производи кои се пристапни за сите корисници и за животната средина.
Технологија на новата генерација е нова платформа од 40V max батериски алати. Комбинација на иновативен дизајн на алатот и батерии со висок
капацитет ни даваат одлично решение за тешки работи. Интегрираниот систем за дигитални информации помеѓу алатот, батеријата и полначот
осигурува оптимални перформанси.
Литиум - јонската батерија се одликува со висок напон, висока енергетска густина и ниско само празнење. Таа е лесна и компактна и со висок капацитет. LXT постигнува брзо полнење и долговечност со комбинацијата на литиум - јонска батерија и Систем за оптимално полнење. Системот на оптимално полнење, особено од Makita, го прилагодува процесот на полнење според состојбата на секоја батерија. За време на полнењето,
меморискиот чип комуницира со полначот за да обезбеди најбрзо и најоптимално полнење.
12 V max Литиум-јонски слајд акумулатор со Compact Xtreme технологија е компатибилен со сите 10,8 V CXT и 12 V max CXT алати и е дефиниран
со мала тежина, неверојатна издржливост, долг работен век и можност за брзо полнење со полнач DC10SB.
AVT технологијата ги потиснува вибрациите за време на работата, додека технологијата за меко без товар ги намалува вибрациите за време на
мирување со автоматско намалување на брзината на моторот.
Од 2007, ниту еден производ за било која дестинација не содржел супстанци од листата на Директивата на Рестриктивни опасни супстанци (RoHS) (директива за рестрикција за користење на одредени опасни супстанци во електрична и електронска опрема), која е на снага во земјите на ЕУ од 1 јули 2006.*
Многу малку од нашите производи влегуваат во China RoHS (Административна Мерка за контрола на загадување предизвикано од електронско информатички производи), стапено на сила во март 2007 година, но со таа сообразност ние работиме одпочеток.
* Со исклучок на моторните производи, пневматските алати и големите алати за обработка на дрво не подлежат на RoHS.
Рестрикции за опасни супстанци
Законските ограничувања за опасните хемикалии во производите стануваат построги со регулативите како што е REACH (Правилник за регистрација, оценка, авторизација и ограничување на хемикалиите), што стапи на важност во ЕУ во јуни 2007. Од 2009, Makita анализираше, управуваше и даде извештај за составот на супстанците од висока важност (SVHC) поврзани со REACH. Бројот на SVHC подоцна во 2010 се зголеми, што наложи потреба за константно прибирање на информации за хемискиот состав, што Makita го исполни без никаква грешка.